untitled-design-1

17/03/2023

SMUT СЛАВАТ ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ НА ГЛАВНА БИНА

За еден од најценетите македонски метал-кор бендови во регионот и Европа – SMUT, секогаш има резервирано место на Главната бина на Д Фестивал. Но, годинава овој настап е од особена важност бидејќи воедно е и голема прослава на нивниот голем јубилеј 25 години кариера.

Соодветното одбележување на ваков момент беше спречено од пандемијата, поради тоа и се чекаше за најдобрата можна прилика за веројатно најверната фан-база кај нас да има достоинствена прослава со своите фаворити.

Формирани во 1996, SMUT први ја претставуваат метал-кор музиката на македонската сцена и денеска се препознаени како основоположници на овој музички стил во регионот. Покрај оваа титула SMUT исто така се препознатливи по својата врвна изведба и експлозивен звук, кои прават нивните концерти да се едни од најпрофесионалните изведби кај нас. Со стотици концерти низ годините, публиката постојано е воодушевена со секој нов концерт, а нивната сценска енергија и автентична атмосфера на заедништво се прераснати во трејдмарк на SMUT.

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print