ЧПП

1. Кога и како ќе се одржи Д-Фестивал 2024?

Во 2024 го организираме најголемото и најлудото издание досега. Д-Фестивал ќе се одржи од 28 до 30 jуни на старата добро позната локација во Дојран.

Д Фестивал и Дојран се спремни да ја пречекаат највеселата и најпозитивна Д публика во најголем број досега.

2. Дали оваа година ќе има фестивалски камп простор?

– ДА! Како и секоја година па и оваа, се трудиме кампот да го направиме помодерен и поудобен за сите посетители во текот на сите три дена. Освен тоа што Општина Дојран се грижи паркот да биде прекрасно и достапно место за посета во текот на целата година, особено обрнува внимание за грижата за време на нашиот фестивал. Паркот е омилено еко-катче на мештаните, сите ние заедно сме одговорни тоа да остане така и за време и по завршување на фестивалот.

3. Какви се условите во кампот?

Фестивалскиот камп ќе биде опремен со штандови со храна и пијалоци, тушеви, тоалети, chill-out зони, зони за полнење мобилни и Free Wi-Fi, Прва помош / Црвен крст екипи.

Во Д-Фест кампот потполно се доловува камперскиот вајб кога тој би се наоѓал меѓу сцени за целосно музичко доживување.

Посетителите на кампот ќе имаат можност да уживаат во програмите на три бини, да бидат дел од различни работилници, дискусии, базари, друштвени игри..

4. Дали имате препорака за друг вид сместување?

– Во Дојран постојат и официјални туристички авто-камп места, хотели, приватни изнајмувачи кои ве охрабруваме да ги проверите, а исто така апелираме да ги посетите и запознаете прекрасните домаќини кои ги изнајмуваат своите сместувачки капацитети. Заедно со евент индустријата, туризмот е една од гранките кои се најпогодените од здравствената криза. Дојран е познат како најдобриот домаќин за секој добронамерен гостин.

5. Дали ќе има организиран превоз до Дојран?

– Организиран превоз до Дојран има, а до повеќе информации се стига на следниот линк: АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

6. Колку чини билетот и каде можам да го набавам?

Фестивалските билети се достапни онлајн и на сите места во продажната мрежа на MkTickets, а сите информации за продажбата се објавени тука: https://dfestival.mk/vleznici/

7. Кои артисти ќе настапат?

Секоја година, се трудиме да составиме програма која ќе задоволи сечиј вкус. Можете да го погледнете целосниот распоред тука: https://dfestival.mk/raspored/

8. Какви ќе бидат цените за време на Д Фестивал?

Д фестивал е познат по најпристојните и најпристапните цени, од билети до пијачки. Тоа ќе го задржиме и годинава, нудејќи цени исти како оние во вашите омилени трафики и продавници.

9. Како да ја променам влезницата со фестивалска алка?

При пристигнување на фестивалот, секој посетител треба да ја замени својата влезница со фестивалска алка во канцелариите на Туристичкото биро Дојран (https://goo.gl/maps/zpxUUSEeSeGhYC6c6).

Со фестивалската алка ќе се овозможи избегнување на гужва за време на настаните и ќе имате непречен влез во фестивалскиот простор.

10. Дали ќе може да излезам и повторно да се вратам во фестивалскиот простор?

– Сите кои ќе го заменат својот фестивалски билет за алка, ќе може непречено да влегуваат и излегуваат од Фестивалот.

Доколку имате купено еднодневен билет, нема да биде овозможено повторно влегување во фестивалскиот простор доколку го напуштите.

11. До колку работат штандовите во кампот?

– Оваа година, во фестивалскиот камп ќе има штанд што е отворен нон стоп!

12. Дали фестивалот има програма за родители со мали деца?

Во последните неколку изданија на Д Фестивал, програмата за деца е резервирана за последниот ден, а годинава ќе се случи во недела на 30ти јуни на Mosquito Stage. 

Програмата на нашиот фестивал е family friendly ориентирана и гарантира забава за сите членови од семејството, било кој ден. Ве очекуваме и млади и не толку млади, во вашите најмали!

13. Дали ќе има медицински персонал на фестивалот?

– На секој наш фестивал секогаш е присутна екипата на Брза помош и Црвениот Крст.

14. Кога ќе се отвори кампот на фестивалот?

– Ден пред официјалниот почеток на фестивалот кампот ќе биде отворен за посетители (27 jуни) од 17 часот.

15. Дали ќе биде дозволено да се внесе храна и вода во фестивалскиот камп?

Во фестивалскиот камп ќе биде дозволено внесување на ПРАЗНИ пластични шишиња и храна и пијалоци купени во рамките на фестивалот.

Нема да биде дозволено внесување на стаклени шишиња, шишња полни со течност, алкохол..

16. Kога ќе излезе целосна програма / најавите нови артисти?

Програмата за овогодинешното издание е веќе објавена.
Следете ги нашите социјални мрежи каде што ќе се објавуваат нови информации постојано.

17. Какво ќе биде времето?

Нашите разузнавачки извори велат дека времето ќе биде идеално за журка целиот фестивал.

18. Што е забрането на Д Фестивал?

Забранет е говор на омраза, забрането е носење ладно или топло оружје, инструменти ( вилушки, ножеви за било каква употреба), било какви распрскувачки материјали…

19. Што е дозволено на Д Фестивал?

Секогаш е дозволено да најдеш нов пријател, девојка, омилен бенд, да споделиш убава енергија, љубов, мисла, да учествуваш со своја креација, инсталација, знаме кое има симболи на заедништво, толеранција, смееш да се забавуваш, смееш и заминаш дома само со позитивни спомени.

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print