БАЗАР УЧЕСНИЦИ

З'ш да не?!

Концептот на  Зш Да Не се базира на неколку прашања:

Дали постои простор за етикетирања и табу во овој безобразно неетички свет? 

Зошто фолирањето култура е поприфатено од искрениот отпор? 

Дали треба да се срамиме од сопственото само за друг да биде мирен? 

Дали ќе ни текне?


Пораката е јасна:

Зачувај го слободниот дух и биди тоа што си  с е к о г а ш.

КОИ

КОИ е мал бизнис кој што се занимава со создавање илустрации во печатено издание. Слоганот на самиот бренд е “мир, љубов и илустрации” кои што дополнително го навестуваат карактерот на КОИ.

Производите ечат од живописни бои, и го радуваат детето во секој од нас. Од илустрации со миленичиња, до отелотворени емоции, КОИ има сѐ што ти треба 🌞

А во потесна смисла, КОИ има картички, стикери, торби и нешто плус!

Ма маги

Ма Маги е создадена во 2020 година, во време кога луѓето од целиот свет имаа потреба од заздравување, грижа за себе си и од  лековитата моќ на природата.  Започнавме со неколку производи со цел  да ja доближиме  вашата врска со природата, да ве вратиме на изворот и, преку едноставните задоволства, да ве поврземе со енергијата на земјата и на корените.

Патеката на месечината создава фази на нашата душа и работи во содејство со внатрешниот развој којшто го добивате со секој производ од нашата продавница.

Посветени сме на намерата да истраеме на нашата најдобра практика, на одличната грижа за вас корисниците, на автентичен начин и со интегритет.

Чест ни е што имаме толку многу поддржувачи и убави души коишто купуваат од нас. Вие сте составен дел од нашата приказна и за тоа сме благословени и благодарни.

+++ многу други наскоро…