Како да стигнам?

Поради ситуацијата со пандемијата и согласно заштитните мерки, оваа година е исклучок на Д ФЕСТИВАЛ и препорачуваме секој самостојно да организира превоз. Организиран превоз од страна на Фестивалот нема да има.
Покрај превозот со сопствени возила, на располагање на посетителите им се и редовните автобуски линии кон Дојран, како и понудите за превоз преку туристички агенции. Проверувајте ја од време на време и Facebook групата D-trip каде што посетителите на Д Фестивал ги споделуваат информациите околу превозот до и од Фестивалот. За време на фестивалот во Дојран не се наплаќа паркинг.