lil pump

27/02/2024

LIL PUMP – Американскиот суперстар е нов потврден артист!

Предводникот на SoundCloud рап генерацијата, еден од ретките артисти кои имаат песна со над 1 милијарда прегледи, добитник на награди за најдобар артист и песна на Billboard и MTV музичките награди…
Сите овие епитети стојат позади името LIL PUMP, американскиот артист кој со песните “Gucci Gang”, “I Love It”, “ESSKEETIT” и соработките со Kanye West, Lil Wayne, XXXTENTACION, Maluma стигна до светска слава.
Над 8 милиони месечни слушатели на Спотифај, 14 милиони следбеници на Инстаграм, 5 милиони на Facebook, 10 песни со над 100 милиони прегледи… И конечно, еден артист од самиот врв на новата музичка сцена во Македонија!
💥 LIL PUMP доаѓа да ја освои Д Фестивалската публика 💥
🚀 Полетуваме кон експлозивно доживување на Д Фестивал, бидејќи Lil Pump ќе ја обележи сцената со својата енергија! Подгответе се за несекојдневната атмосфера на ‘Gucci Gang’, каде што секој момент е шоу на ЛУДИЛО!🔥
Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print