ЧЕЈНЏВИЛ
ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ – ЦИД
Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) е граѓанска организација која работи на промовирање на меѓукултурното прифаќање и активно граѓанство преку процеси за градење капацитети, неформално образование и обезбедување работа со млади. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање можности за квалитетно обновување на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани.
- Игра со имиња: Здраво. Јас сум Лили и сакам лижавчиња!
- Човечки јазол: отплеткај се!
- Шаради: изглуми збор или фраза, а другите да погодат што е тоа
- Сајмон вели: скокај горе-долу!
- Групно жонглирање: Додаваме нови топчиња!
- Групно цртање: на крај да се спојат парчињата заедно за да ја добиеш конечната слика.
- Црвено светло: зелено светло:ако се поместиш – врати се на стартната линија
- Лов на богатство: Пронајди ги материјалите и изгради ја највисоката кула.
- Поле со мини: снајди се и помини. Побрзај – имаш само 10 минути!
- Последниот стоечки брод: изгради брод од рецикларани материјали и победи.
- Диригент: повторувај и дознај кој е дирегент.
- Психолог: Каква боја ти е косата, какви патики носиш, дали твојата кошула е бела? Каква дијагноза имаш?
НОВУС
Здружението на граѓани ЦИА НОВУС од Струмица е доброволна, непрофитна, граѓанска организација, формирана во 2013 година. Работиме во полето на млади, неформална едукација, човекови права, социо-економски развој на заедницата како и промовирање на отчетно и транспарентно работење на институциите.
- Дебата со КРИК: Јавна дебата – Тема: Зошто е важно да се волонтира на фестивали? Вклучување на младинското мислење и перспектива за дадената тема. Промовирање и зајакнување на волонтерството и давање стимул кај младите на оваа тема.
- Зајакнување на креативноста кај младите, а воедно и учење на нови вештини за справување со денешниот дигитален свет и постигнување на промени во самиот.
- Да ги инспирира учесниците да ја пронајдат својата страст, а воедно да споделат нови вештини со останатите учесници.
- На забавен начин учесниците ќе имаат можност подобро да се запонзаат едни со други, и да го зајакнат натпреварувачкиот дих како и вештината за работа во тимови.
- Зајакнување на критичкото размислување кај младите преку обработка на актуелни теми во денешницата на необичен и креативен начин, каде самите ќе имаат можност да се стават во чевлите на некој друг карактер.
- Сумирање на севкупните впечатоци кај учесниците на фестивалот преку еден збор / морал / реченица / емоџи, кој ќе биде претставен на големо платно.
ХЕРА и ЕКВАЛИС
Со обединети сили млaдинските организации ХЕРА млади и Еквалис ќе ја збогатат Плоштарт зоната со посебно креативно катче кое се грижи за безбедноста на сите на Д Фестивал. Во ова катче е сигурно дека ќе се чувствуваш пријатно и сосема опуштено. Од простор за создавање уметност, до информативни разговори или место да застанеме за миг помеѓу концертите, секој ќе може да се вклучи во атрактивните содржини и при тоа да дознае повеќе за нивните активности за сексуалното и репродуктивно здравје, младинскиот активизам, родовата и ЛГБТИ+ еднаквост.
- Фанзините* ни го овозможуваат токму тоа. Првиот фестивалски ден го посветуваме на работилница која ќе ги промовира заедничките ваши и наши идеи, пораки и уметнички дела.
- Дојди на FLINTA* speed dating во кјатчето на #ХЕРАмлади и Еквалис и запознај ја твојата идна љубов (или најдобар пријател). Ви подготвивме забавни содржини и кои се надеваме ќе допринесат за уште позабавни спомени
- Дојдете во нашата ординација за ум, дух и тело! Тимот на ХЕРАмлади и Еквалис подготви три забавни активности фасилитирани од нашите волонтери, врснички едукатори и уметници.
- *Изложба „Квир љубов, наследство и отпор“ Изложбата е обид да се прикаже љубовта на квир луѓето надвор од 4те ѕида на нивните домови, односно онаму каде што најчесто им е кажано да ги чуваат нивните врски, семејства, животи и идентитети.
- *Групна тридневна активност – Отворено за сите посетители во текот на целиот фестивалски викенд, ќе биде нашето платно кое ве покануваме да го исполните со боја и шаренило.
- Снимаме #сексимаало директно од Д-Фестивал* Tука сме да ги слушнеме вашите приказни за скршените срца, љубовта, зелени и црвени знаменца и раскинувањето кои ќе ги споделиме во новата епизода на #сексимаало
- Дебата: Иднина без млади – има кој да се испрати, нема кој да се врати!
* Говорниците би биле младински активисти, студенти, млади лица кои имаат желба да се иселат или пак се вратиле од студии и живот надвор од државата.
ЦМА КРИК
На македонски јазик, зборот КРИК значи „крик“ или „негодување“ и инспирацијата за тоа излезе од визијата за оваа организација – за гласот на младите да се слушне и да бидат овластени да прават промени и придонеси во рамките на нивното општество. КРИК се стреми да поттикне поголемо учество и активизам на младите, како и да ги мотивира младите да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.
МЛАДИТЕ МОЖАТ
Младите Можат е здружение на граѓани формирано од млади за млади и е активна повеќе од 10 години со повеќе од 1000 млади вклучени директно во проекти, програми, настани и активности и повеќе од 20 активни членови кои секојдневно придонесуваат во растењето и успехот на организацијата а со тоа и во правење на позитивни промени за нашата младина и нашата заедница.