ЧЕЈНЏВИЛ

ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ – ЦИД

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) е граѓанска организација која работи на промовирање на меѓукултурното прифаќање и активно граѓанство преку процеси за градење капацитети, неформално образование и обезбедување работа со млади. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање можности за квалитетно обновување на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани.

  • Игра со имиња: Здраво. Јас сум Лили и сакам лижавчиња! 
  • Човечки јазол: отплеткај се!
  • Шаради: изглуми збор или фраза, а другите да погодат што е тоа
  • Сајмон вели: скокај горе-долу!
  • Групно жонглирање: Додаваме нови топчиња! 
  • Групно цртање: на крај да се спојат парчињата заедно за да ја добиеш конечната слика.
  • Црвено светло: зелено светло:ако се поместиш – врати се на стартната линија
  • Лов на богатство: Пронајди ги материјалите и изгради ја највисоката кула. 
  • Поле со мини: снајди се и помини. Побрзај – имаш само 10 минути!
  • Последниот стоечки брод: изгради брод од рецикларани материјали и победи. 
  • Диригент:  повторувај и дознај кој е дирегент.
  • Психолог: Каква боја ти е косата, какви патики носиш, дали твојата кошула е бела? Каква дијагноза имаш?

НОВУС

Здружението на граѓани ЦИА НОВУС од Струмица е доброволна, непрофитна, граѓанска организација, формирана во 2013 година. Работиме во полето на млади, неформална едукација, човекови права, социо-економски развој на заедницата како и промовирање на отчетно и транспарентно работење на институциите.

  • Дебата со КРИК: Јавна дебата – Тема: Зошто е важно да се волонтира на фестивали? Вклучување на младинското мислење и перспектива за дадената тема. Промовирање и зајакнување на волонтерството и давање стимул кај младите на оваа тема.
  • Зајакнување на креативноста кај младите, а воедно и учење на нови вештини за справување со денешниот дигитален свет и постигнување на промени во самиот.
  • Да ги инспирира учесниците да ја пронајдат својата страст, а воедно да споделат нови вештини со останатите учесници.
  • На забавен начин учесниците ќе имаат можност подобро да се запонзаат едни со други, и да го зајакнат натпреварувачкиот дих како и вештината за работа во тимови.
  • Зајакнување на критичкото размислување кај младите преку обработка на актуелни теми во денешницата на необичен и креативен начин, каде самите ќе имаат можност да се стават во чевлите на некој друг карактер.
  • Сумирање на севкупните впечатоци кај учесниците на фестивалот преку еден збор / морал / реченица / емоџи, кој ќе биде претставен на големо платно.

ХЕРА и ЕКВАЛИС

Со обединети сили млaдинските организации ХЕРА млади и Еквалис ќе ја збогатат Плоштарт зоната со посебно креативно катче кое се грижи за безбедноста на сите на Д Фестивал. Во ова катче е сигурно дека ќе се чувствуваш пријатно и сосема опуштено. Од простор за создавање уметност, до информативни разговори или место да застанеме за миг помеѓу концертите, секој ќе може да се вклучи во атрактивните содржини и при тоа да дознае повеќе за нивните активности за сексуалното и репродуктивно здравје, младинскиот активизам, родовата и ЛГБТИ+ еднаквост.

  • Фанзините* ни го овозможуваат токму тоа. Првиот фестивалски ден го посветуваме на работилница која ќе ги промовира заедничките ваши и наши идеи, пораки и уметнички дела. 
  • Дојди на FLINTA* speed dating во кјатчето на #ХЕРАмлади и Еквалис и запознај ја твојата идна љубов (или најдобар пријател). Ви подготвивме забавни содржини и кои се надеваме ќе допринесат за уште позабавни спомени
  • Дојдете во нашата ординација за ум, дух и тело! Тимот на ХЕРАмлади и Еквалис подготви три забавни активности фасилитирани од нашите волонтери, врснички едукатори и уметници. 
  • *Изложба „Квир љубов, наследство и отпор“ Изложбата е обид да се прикаже љубовта на квир луѓето надвор од 4те ѕида на нивните домови, односно онаму каде што најчесто им е кажано да ги чуваат нивните врски, семејства, животи и идентитети. 
  • *Групна тридневна активност – Отворено за сите посетители во текот на целиот фестивалски викенд, ќе биде нашето платно кое ве покануваме да го исполните со боја и шаренило. 
  • Снимаме #сексимаало директно од Д-Фестивал* Tука сме да ги слушнеме вашите приказни за скршените срца, љубовта, зелени и црвени знаменца и раскинувањето кои ќе ги споделиме во новата епизода на #сексимаало
  • Дебата: Иднина без млади – има кој да се испрати, нема кој да се врати! 

* Говорниците би биле младински активисти, студенти, млади лица кои имаат желба да се иселат или пак се вратиле од студии и живот надвор од државата.

ЦМА КРИК

На македонски јазик, зборот КРИК значи „крик“ или „негодување“ и инспирацијата за тоа излезе од визијата за оваа организација – за гласот на младите да се слушне и да бидат овластени да прават промени и придонеси во рамките на нивното општество. КРИК се стреми да поттикне поголемо учество и активизам на младите, како и да ги мотивира младите да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

МЛАДИТЕ МОЖАТ

Младите Можат е здружение на граѓани формирано од млади за млади и е активна повеќе од 10 години со повеќе од 1000 млади вклучени директно во проекти, програми, настани и активности и повеќе од 20 активни членови кои секојдневно придонесуваат во растењето и успехот на организацијата а со тоа и во правење на позитивни промени за нашата младина и нашата заедница.