SHORTY P

Официјален сајт

LAKE AWAKE STAGE

Shorty P познат како Панчо е вистински OG на македонската сцена, и основач на Sure Shotz Entertainment кој годинава слави 20 години постоење. Неговата посветеност кон хип-хоп културата во текот на кариерата му носи безброј клубски резиденции и фестивалски настапи, како низ Македонија така и во странство, како и радио емисија на #1 станицата во Македонија – Antenna5. Како промотер, тој е причината за настапите на многу хип-хоп легенди во Македонија, какo: XZIBIT, KRS One, Pete Rock & CL Smooth, DJ Premier, Jazzy Jeff и многу други. Во последните години, тој и неговата екипа се познати по настаните SPICY, ШИЗИ, SHAYO и се разбира SHAKE – последната вечер на Lake Awake стејџот на Д Фест оваа година!