Irie Scratch е предводник на новата генерација на диџеи во Македонија и член на Sure Shotz Entertainment. После 15 години на сцената, има големо домашно и интернационално искуство, 7 години резиденција на party островот Иос во Грција како и многубројни клубски и фестивалски настапи во Македонија и регионот. Тој е препознатлив по постојана иновација, поставување нови трендови и туркање на хип-хоп сцената напред, инспириран од различни жанрови и култури – од хаус до реге и се измеѓу. Во пандемијата го започнува својот последен проект, Pandamonium Radio, со цел на промовирање на културата и поврзување на луѓето вклучени во неа – преку неделен поткаст, содржина на социјални мрежи, како и вмрежување преку нови платформи како Дискорд. Во последно време се враќа на своите корени на снимање и објавување на миксови, како и курирање на Spotify плејлисти.
Како еден од пионерите на трап сцената во Македонија, од него не очекуваме ништо помалку од експлозивен сет од трап класици на Д Фестивал!