Дојран годинава ќе биде буден до зори поради Милена Јанковиќ, подобро позната како Мimi Mercedez, која е првиот потврден изведувач на ELECTRONIC BEATS STAGE бината на Д Фестивал!
Со нејзиното деби во 2011 година таа е една од првите раперки на српската музичка сцена и денеска е исто така и една од најуспешните и истакнати претставнички на жанрот. Во својата дискографија таа има пет студиски албуми, од кои нејзиниот втор албум „Našminkam se i pravim haos“ е моментот кога таа влегува во меинстрим сцената со хитови кои денеска бројат милиони прегледувања на музичките платформи. Оттаму таа го има запечатено своето место на музичката сцена во регионов и продолжува да создава музика која е тешко да се заборави, а нејзината доминација кога е на бина гарантира луда и незаборавна забава на Д Фестивал.