D MALL
ЦИМЕР барбершоп
ЦИМЕР барбершоп е градска машка берберница во центарот на Скопје (Капиштец) основана во 2002 година од браќата Бојан и Коста.
20 и кусур години се грижиме за нашиот град да има добар фриз. Оваа година со големо задоволство ќе се погрижиме и за журкаџиите од Д-Фестивал да имаат добра фризура.
WALDOS 420 & VECTOR DESIGN SK
Waldos 420 e првокласен уличен моден бренд кој ја искажува вашата индивидуалност и стил. Нашата уникатна колекција на урбана мода нуди провокативни и обични дизајни со современи естетики.
Со гордост ја најавуваме нашата соработка со Vector Design sk на Д-Фест, каде што ќе имаме Print on Demand услуга директно на настанот!
За вас тоа значи дека ќе можеме да креираме маици со ваши омилени фотографии и моменти на лице место. Дополнително, ќе имате можност да креирате свои сопствени дизајни, кои би ги ставиле на маици. Придружете ни се и истражете ги нашите ексклузивни креации, додека ја прославувате вашата уникатна стилска изразба и креативност.
ТАРОТ со Горде
Горде aka Мајско Бумбарче!
Имам многу, а и многу малку да кажам за себе. Покрај љубовта кон природата, литературата и музиката, обожавам да работам со раце: било тоа дали е цртање, пишување, работа со глина, свирење гитара и слично. Исто така обожавам да зборувам (скоро никогаш не престанувам), особено за теми поврзани со моите интереси како спиритуалност, астрологија, игри, аниме итн.
Сега ставете ги сите овие интереси заедно, и го добивате она што го нудам на Д-Фест: рачни изработки и тарот читања :))
ETERNITY TATTOO STUDIO
Етернити Таттоо Студио постојат повеќе од 6г. и можат да се пофалат со голем број на успешни настани, почнувајки од Пиволенд, Tattoo days во Колектив па се до границите на други држави!
Без разлика дали сонувате во боја или црно бело, поминете да ги видите нивните дизајни специјално во боите на Д Фест 2023, да се шкртнете, па може ќе бидете и среќникот кој ќе освои фрии тетоважа!
Oд Карпош 3, до Дојран, патуваме заедно, се дружиме и тетовираме!