ПЛОШТАРТ УЧЕСНИЦИ
УТРИНСКА ЈОГА СО ИВАНА БАТЕВ
Започнете го фестивалскиот ден со утринска јогa!
Придружете и се на Ивана Батев среде прегратките на природата на Браво стејџот за подмладувачка сесија која ќе го разбуди вашиот дух. Ајде заедно да го поздравиме сонцето и да ја вдишиме магијата на моментот додека се протегаме, зајакнуваме и го наоѓаме нашиот центар под отвореното небо.
Латино Танци
Почувствувајте го ритамот на љубовта и оваа година со Јулијана Јовановска, латино танчер и тренер од Куманово.
Јулијана е дел од танцов спортски клуб “Динамик”, каде што ги демонстрира своите врвни техники, елегантност и прецизност на сцената, кои и оваа година ќе ги сподели со уживателите на Д Фестивал.
Сите ентузијасти кои имаат желба да се впуштат во шармот на латино танците, придружете и се на Јулијана секој ден кај Браво стејџот.
Insta: julijana.jo
чудна шума
„Чудна шума“ во Скопје создава свој свет, простор кој не е само книжарница, туку и кафуле, галерија, издавачка куќа и FineArt принт студио, а кои сега ги пренесуваме и во Дојран. Чудна шума ќе креира мултифункционален простор за читање, цртање, сликање и творење, во специјално издание за Плоштарт на Д Фестивал. 🌏☕🖼️🧑🎨
Со посебен фокус на креативниот процес и ослободувањето на мечтата, во Чудна шума нѐ очекуваат бројни креативни активности – од создавање уникатна книга за Д Фестивал, читање, сликање или скицирање, совети за издавање сопствена книга, како и посебна интерактивна работилница за најмалите бушави глави. 🥰
Преку креативни работилници и забавни активности, „Чудна шума“ ја ослободува творечката сила и ги става посетителите во улога на писатели и илустратори со уникатна шанса тие да создадат своја приказна! 📚📖
Центар за младински активизам - крик
Центар за Младински Активизам – Крик ве поканува и ова лето на дружба на Д Фест!
КРИК е невладина, непрофитна организација основана и водена од млади луѓе, која работи за и со млади луѓе. Целната група со која работи КРИК се лица кои сакаат да придонесат и да направат промени во областа на критичкото размислување, екологијата, одржливоста, сексуалното образование и да работат за инклузија и благосостојба на социјално исклучените групи од општеството.
Најдете не во NGO Cornerот во ПлоштАрт зоната да видиме какви нови искуства и креации можеме да реализираме заедно, со можност да бидете дел од активности поврзани со доверба, истражување на конекцијата со сопственото тело, музиката, уметноста и самоизразувањето – но и исто така и шанси да си ги прошириме и предизвикаме нашите мислења и идеи со дебата/панел дискусија на некои интересни теми.
Insta: @cya_krik
МАЈСКО БУМБАРЧЕ ТАРОТ
Придружете ни се на волшебното тарот патување!
Возбудени сме да најавиме дека Горде, искусна и надарена читателка на тарот, повторно ќе биде дел од нашата тридневна програма. Подгответе се да откриете тајни, да стекнете увид и да го истражите непознатото додека Мајското Бумбарче ве води низ мистериите на картите. Не ја пропуштајте оваа прилика да додадете шмек на магија во вашето фестивалско искуство.
Се гледаме таму!
СЕБЕСЛОЖУВАЛКА
СебеСложувалка 3та година по ред со вас на ДФест!
Тука сме да понудиме прва психолошка помош за вас, да ги одговориме сите ваши прашања поврзани со менталното здравје и да ве анимираме и едуцираме со интересни работилници.
Ве чекаме на добро познатото место, летниковецот во Кампуланта 🧩
https://www.instagram.com/sebeslozuvalka/
https://www.facebook.com/sebeslozuvalka.mk
ИСТРАЖУВАЧКО ДРУШТВО НА СТУДЕНТИ БИОЛОЗИ
Со теорија на терен!
Тоа е мотото на Истражувачкото друштво на студенти биолози, една од најстарите младински организации во земјата. Овие вљубеници во природата се секогаш расположени за истражување и еколошка едукација. Биолошката програма на Д Фест оваа година ќе стави акцент на халуциногените габи во Македонија, птиците во Дојран, како и водоземците, водните влекачи и цицачи.
ЕКВАЛИС
Еквалис е огранизација за млади во која заедно се бориме да изградиме општество во кое граѓаните ќе се едуцираат и ќе ги преиспитуваат и менуваат општествените процеси за лична и колективна благосостојба.
Најдете не на Д фест и дојдете да се запознаеме и да продискутираме за начините на кои може да градиме поинклузивен и похуман свет.
жива статуа
Уметноста на уличната изведба секогаш има посебно место на Плоштарт на Д Фестивал, а оваа година во овој дел од програмата, Сара Милевска ќе ни претстави свое шоу како жива статуа и ќе ни докаже дека не сé е како што изгледа на прв поглед!
Сара Милевска е родена на 19.09.1994 во Кавадарци. Костимографка е на перформанс со живи статуи насловен „Ноќ во музејот“ реализиран прв пат во 2020 година во Кавадарци, Македонија, како и на 20 претстави во Македонија и Србија. До сега има реализирано две самостојни изложби: „Излог“ во 2016 година (Белград, Србија) и “Poetry Art” 2023 година (Кавадарци, Македонија), а учествувала и на повеќе групни изложби.
Годинава Сара повторно ќе ја разбуди магијата во ПлоштАрт со нејзината Жива Статуа.
FB: https://www.facebook.com/sara.milevska.7?mibextid=ZbWKwL
https://www.facebook.com/milevska.design?mibextid=ZbWKwL
Insta: milevska.sara
етернити тату студио
Здраво повторноо!
Радосно споделуваме дека нашето тату студио се придружува и оваа година на Д фестивал со креативни дизајни и уникатни уметнички изрази.
Придружете ни се во оваа авантура, каде што секој момент е воинствено и инспирирачко искуство.
Дојдете и допринесете со вашата енергија и стил, заедно да создадеме магија што ќе се памети долго по завршувањето на фестивалот.
СКАЈ ЛИМИТ САЛон за убавина
Нашата страст е едноставна – живееме за да му помогнеме на секој клиент да изгледа и да се чувствува убаво.
Замислете плажа, музика, дружење со добра афро фризура и добра фестивалска шминка💄😍
Посетете го нашиот салон во Д кампот од 28ми до 30ти јуни!