LILIT

Официјален сајт

MOST & SMOOTH STAGE

Лилит ни доаѓаат на #ДФестивал14 🎈

Лилит е слободен ентитет и не се идентификува со ниеден музички жанр. Самото нивно постоење како луѓе е непредвидливо, па затоа и нивната музика го отсликува сето она кое им остава длабок впечаток. Некаде преовладува џез-призвукот, некаде тежат блуз ноти, а некаде, пак, ќе се појави дури и дел од класичната музика – само поради тоа што самата песна тоа го бара.

Не пропуштајте да го слушнете нивниот албум ,,Чудо‘‘ во живо за целосно доживување на нивното музичко патувања 🤗 #LoveSpreads