Денеска, точно на пладне започнува со продажба акциската понуда на билети РАН КОРМОРАН во ограничен број.
Најповолната цена на фестивалските билети е секогаш резервирана за верните фанови на Д Фестивал, спремни први да се впуштат во акција:
*1200 ден. (тридневен фестивалски билет со пристап до цела програма)
*1300 ден. (тридневен фестивалски билет со пристап до цела програма + камп место).
Со нетрпение го чекаме летото за да се сретнеме повторно и заедно да ја креираме новата магична фестивалска приказна од 28 до 30 јуни!
Купете ја својата влезница уште веднаш на dfestival.mk/vleznici
*Цените важат само за првиот бран РАН КОРМОРАН од 300 билети.