КАМП

Фестивалскиот камп е најдобриот начин да бидете дел од вистинската и комплетна фестивалска атмосфера на Д ФЕСТИВАЛ: да ги дочекате утрата со сончевите зраци, да бидете најблиску до концертниот простор, да уживате во Дојранското Езеро и прекрасната плажа лоцирана веднаш до кампот, да стекнете нови пријателства и да другарувате со илјадниците млади луѓе на Фестивалот!

Пристигнете рано во кампот за да го обезбедите најдоброто место за вас и вашите пријатели! За време на трите фестивалски дена кампот ќе биде вашиот најпријатен дом. Ќе се погрижиме вашиот престој на Д ФЕСТИВАЛ да биде најпозитивниот спомен од ова лето.

Камперите на Д ФЕСТИВАЛ ќе имаат пристап до чешми со питка вода, тушеви, интернет, продавници за храна и пијалоци, плажа, како и други различни можности  (полнење на мобилни телефони и сл.). За време на престојот во кампот, посетителите ќе можат да уживаат во програмата на сите бини, да бидат дел од различните работилници, дискусии, друштвени игри, рекреација и уште многу други активности.

Оддалеченост од центарот на Дојран – 2 минути пеш.
Оддалеченост од Main Stage – 7 минути пеш.
Оддалеченост од Church Stage – 2 минути пеш.
Оддалеченост од Lake Awake Stage – 10 минути пеш.

Кампот е сместен во природа. Оттаму, ве молиме да придонесете кон чистотата на местото и заедно да се потрудиме да ни биде што е можно почисто. Местата за отпадоци ќе бидат прецизирани и ве молиме да ги користите корпите за отпадоци. Контејнери ќе најдете и на паркингот и во кампот. Користете ги!

Ве молиме почитувајте ги правилата на кампот на Д ФЕСТИВАЛ за ваша, но и безбедност на сите посетители на фестивалот. Тука ќе најдете одговори на најчесто поставуваните прашања, а подолу има листа на работи кои се или не се дозволени за внесување во кампот.

ШТО ДА ПОНЕСЕТЕ

  • Она што најмногу ви треба кога кампувате е секако шатор.
  • Понесете сè што ви е потребно за да се чувствувате поудобно: вреќа за спиење, прекривка, перница и сл.
  • Не заборавајте да понесете костим за капење, очила за сонце, масло за сончање, крпи и останати реквизити за уживање на плажа, но најважно од сè – дојдете полни со позитивна енергија за незаборавен провод на Д ФЕСТИВАЛ.

ДОЗВОЛЕНО Е:

  • Шатори
  • Ранци
  • Запалки
  • Лаптопи, таблети, мобилни телефони и полначи
  • Фотоапарати (аматерски)
  • Цигари
  • Мали преклопни чадори за дожд
  • Велосипеди, тротинети, скејтборди, ролери
  • Капки за контактни леќи
  • Инсулин (со здравствена книшка и личен документ за идентификација)
  • Пластичен прибор за јадење
  • Храна и пијалоци купени во рамките на Д ФЕСТИВАЛ
  • Пластични шишиња за вода (празни)
  • Миленичиња (на одговорност на нивните сопственици)
  • Насмевки

НЕ Е ДОЗВОЛЕНО:

  • Дрога и опојни супстанци
  • Ножеви и останато оружје
  • Храна и пијалоци купени надвор од рамките на Фестивалот
  • Огномети и распрснувачки материјали
  • Палење оган
  • Стакло
  • Возила
  • Плински боци
  • Метален прибор за јадење
  • Професионални фотоапарати и средства за аудио и(ли) видео снимање