Занаду

Занаду е млад бенд од Скопје, кој не верува во жанровски ограничувања, а на музиката гледа како слобода за канализирање на моментална емоција, импулс и енергија. Слободното течење и храброто пливање низ жанрови, ритмови и фрекфенции се начини на кои пробуваме да го пронајдеме звукот кој ни се допаѓа. До сега го имаме објавено нашиот прв сингл “Навика” како предвесник на првиот албум.