Зад Аголот

Зад Аголот е хип-хоп група од Скопје, едно име зад кое стојат групите: СВП, Длабока Трага, Контра Напад, Римиски Масив, Паки и Дј Оки Доки. Во овој колектив почнаа да творат во 2011, а во јуни 2012 година, го промовираа својот деби албум „Чувај во Вистинко Волу. 1“ кој е избран за најдобар регионален хип-хоп албум истата година, според „Balkan Hip-Hop Radio“ (Хрватска). За овој албум е изработен и видео серијал од 6 епизоди насловен – „Зад Аголот Хроники“. Година подоцна, на 12-ти април 2013, го организираат својот прв самостоен концерт во МКЦ, „Ќе дојдеш ли на рандеву?“. Во мај 2014 година, во соработка со Гоце Саф и интернет порталот “Централа” го промовираат видео серијалот – „Бумбокс“ во кој учество зема поголемиот дел од тогашната македонска хип-хоп сцена. Следната 2015-та година, настапуваат како домашна поддршка на „Violent Voices“ – турнеја на американските хип-хоп артисти Sick Jacken, Slaine и Danny Diablo во Хавана.

Во 2016, го промовираат својот втор албум „Зад Шпиунката“, на кој како гости се појавуваат DJ Гоце САФ и Баже ДСЦ. Истиот доживува концертни промоции во Скопје, Тетово и Софија (Бугарија), заедно со бугарските хип-хоп артисти – 5’О Clock, Аtila и Dj Akasha. За овој албум беа изработени три видео записи – „За Кого Бијат Камбаните“, “Некој Рекол” и „Спас им Нема“ кој беше награден како најдобар музички спот на вторите алтернативни награди – МАН.

Заедно со македонската графити сцена (Мачка, Драш, Микс, Руки, Нак47, Гало, Нејмлес, Филе и Индог) подоцна истата година, во хуманитарна акција изработија 80 уникатни омоти за „Зад Шпиунката“, од чија што продажба парите беа донирани на жртвите и загрозените семејства од тогашните поплави во Скопје.
Во текот на 2017 година, во соработка со Јордан Симонов и МКЦ работат на „Црнила Ремикс“ – хип-хоп претстава според мотиви на класичното драмско дело од Коле Чашуле. „Црнила Ремикс“ е првиот македонски и балкански хип-хоп мјузикл. Својата промоција ја доживеа во септември 2018 година на фестивалот „Здраво Млади“.
Паралелно истата година го создаваат движењето – Соулментал, во соработка со други хип-хоп имиња од Македонија, кое во последните 4 години издаде – 2 албуми, 3 компилации и 4 инструментални албуми.

Моментално работат на својот трет албум кој се очекува да го промовираат во октомври 2022. За таа цел веќе беше реализиран видео запис на песна од албумот која го носи името „Бел Чад“.

Main Stage