Young Dadi

Young Dadi е млад артист од Скопје, дел од екипата на Sure Shotz, препознатлив по својот уникатен стил, инспириран од различни жанрови и секогаш отворен за експериментирање и правење на музика надвор од зоната на комфорот.

Неговата кариера започнува во 2019 година, а првиот сингл кој го става на мапата е Pina Colada. Иако сè уште млад, позади своето име има богата дискографија, повеќе песни и едно EP, Боенка, кое излезе во април 2020 година. Летото 2021 почнува неговата успешна серија на синглови кои го прават еден од најактуелните артисти на сцената во моментов.

Досега има настапено на најзначајниот македонски фестивал, Таксират, има многубројни настапи во различни градови како дел од караванот на SHAKE фестивалски настани, и полека но сигурно ја освојува цела Македонија. Како дел од соработките кои вреди да се споменат се DNK, Bon Praskiza и Sexy Marsa, а постојано соработува со локални и млади артисти и продуценти од неговото опкружување.

Во моментов работи на неколку нови синглови и својот деби албум.