XENIA
Xenia е една приказна за успех кој остава без здив што беше постигнат со многу работа и желба да се преброди тешкиот пат за девојка-уметник во светот на електронската музика.
Xenia е родена во 1996 година во мало село во областа Тернопил во западна Украина, каде што го поминува своето детство. Од десетгодишна возраст, таа се обидува да свири на музички инструменти и за да може да научи да свири на хармоника, таа се запишува во музичко училиште во соседното село. Таа неколку пати неделно поминува 20 километри со тежината на хармониката во нејзините раце, за да го докаже на сите дека музиката е нејзината животна мисија и дека е подготвена да ја следи до крајот.
Во 2013, таа се преселува во Киев, каде што ги започнува студиите во Универзитетот за Технологија и Дизајн, но на 18 годишна возраст, таа ги прекинува студиите и се втурнува во ноќниот живот на Киев и цврсто решена да застане зад диџеј пултот.
Кога ги научи диџеј техниките, Xenia започна да настапува на мали приватни настани, а во 2016 година таа го направи своето деби на стриминг проектот на Radio Intense со два видео диџеј ремикси, кои посебно собраа над милион гледања. Тој момент е пресвртот во нејзината професионална кариера како диџеј.
Во овој период таа разбира дека е важно да ги издава своите музички идеи со што во 2018 таа гради домашно студио, а исто така настапува и во легендарниот киевски клуб Heaven. Беше љубов на прв поглед и веднаш го освои резидентното место во овој клуб. Набрзо потоа ја заследи и славата во Украина, со преполна распоред, со хедлајнер настапи на клупски и фестивалски настапи во татковината.
Таа активно продолжува да соработува со Radio Intense и напоредно станува се повлијателна фигура на интернационалната електронска сцена издавајќи ги првите траки на Codex, Set About, IAMT, Stick Recordings.
Тешките години во пандемија, 2020 и 2021, таа не ги потроши залудно – заедно со IAMT Music Group, Xenia отвара своја продукциска куќа Numen, што за кратко време прераснува во силен техно бренд и магнет за голем број на млади како и искусни техно продуценти. По неколку снимени видеа што и го потврдуваат нејзиниот статус како најактуелната техно дива на подем, Xenia се придружува на една од најдобрите светски агенции – Analog, спремајќи се во блиската иднина гласно да го изјави нејзиното место во техно светот и да ги освои срцата на техно вљубениците низ целиот свет.

Electronic Beats Stage