XARAKIRI

ХАRAKIRI е нов македонски бенд кој на сцената постои помалку од една година. Нивната музика може грубо да се дефинира како алтернативен рок, но го турка истиот до границите и пробува да му го скине хименот.

Ова трио го има најдено својот компромис во моќните fuzzy гитарски рифови, строгите грувови, осетливи вокали и текстови. Ваквата средна точка во нивниот звук може добро да се чуе во нивното скоро издадено прво EP „харакири“ (мај 2023).

Тие на почетокот на 2023 година заедно со Луфтанза беа на турнеја низ повеќе градови на Балканот, која заврши на домашен терен во Скопје.