VISIONARY
Visionary Records се колектив млади уметници од Скопје кои се стремат да ја негуваат и прогресираат македонската музичка култура. Примарно се хип хоп артисти, но се препознаени и по нивниот диверзитет во пристапот на создавање песни и проекти, блендирање на разни стилови, звуци и жанрови, континуирана работа и труд, а особени се горди на нивниот сценски настап, кои секогаш сакаат да ги направат уникатни и незаборавни.
Тие веќе имаат повеќе настапи, во локални кафичи и пабови како Public Room и Beertija, средношколски културни настани во средните школи Корчагин, Никола Карев и Орце Николов, како и настапи на поголеми настани, имено во МКЦ, како оние на Sureshotz’s April Fool’s Shake 2022 и 2023, како и TDFU’s Трапслава во 2022.
Во овие две години имаат издадено 6 домашни проекти, од кои 5 албуми и едно EП. Marz зад него има 2 албуми: „Ноќен Спектар“ (2021), и „Чекор“ (2022), Funky исто така со „Д.О.М.М.“ (2021) и колаборативниот албум со Gqmbit „1963“ (2022), Gqmbit настрана има и свое EП „Дијагноза“ (2021), Додека Jiggy го има својот албум „Само Апстрактни Мемории“ (2022). Оваа година сите членови спремаат нова музика, меѓу која и деби проектот на нивната пејачка Meggy. Тие се водат кон тоа секогаш да целат кон повеќе и порачуваат дека тука се за долго да останат.