Уметникот Ване Костуранов е автор на официјалниот плакат на Д ФЕСТИВАЛ 2022

Д пријатели, 

Чест ни е да Ви го претставиме официјалниот плакат за годинашното изздание на Д ФЕСТИВАЛ кој ни пристигнува од уникатната и инспиративна ризница на нашиот драг пријател, ликовен уметник и илустратор Ване Костуранов! Радосни сме и неизмерно благодарни што петта година по ред имаме чест неговото креативно решение да биде визуелниот идентитет на Д Фестивал. А време е и за повторно заедно да се радуваме!

Датумот е закажан, разбудете го фестивалскиот дух во себе и уште сега резервирајте го Д викендот: 

1-3 ЈУЛИ 2022, Д ФЕСТИВАЛ ВО ДОЈРАН!

Многу новости следуваат, наскоро ги објавуваме Д повиците за учество и убавите Д вести! По две години пауза, конечно Д ФЕСТИВАЛ ова лето стапува на сцена во полн сјај со комплетно тридневно издание, камп, Плоштарт, активности и програма на сите фестивалски бини и зони.