Учествувај во креирањето на Д Фестивал 2020

Годинава славиме 10-ти роденден и имаме само една и единствена желба: да нè почестите со вашата креативност!

Знаете што е идејата? Сакаме заедно да создаваме спомени, уметност и радост, а од вас ни треба само да сонувате и креирате. Останатото е веќе добро познато – #FEELDLOVE – најрадосни и најпозитивни секогаш во магичниот Дојран.

Кампот не е само место за одмор и преспивање, туку една огромна зона исполнета со разни видови на уметност. Сакаш да го разубавиш просторот? Пријави ја твојата идеја за 👉 Арт Инсталација

Ако сакаш да ја збогатиш музичката програма, пријави се 👉 да настапуваш на Д Фестивал

Сакаш да водиш конструктивна дискусија или кул работилница? Да ни ја покажеш твојата иницијатива и да нè научиш нови вештини? 👉 Индивидуалци и невладини oрганизации пријавете се и Креирајте го ПлоштАрт

Имаш свој моден бренд за кој си сигурен дека ќе им се допадне на посетителите? Или можеби црташ одлични илустрации? 👉 ПлоштАрт Маркет е совршеното место за тебе!

Имаш идеја како да ги забавуваш посетителите? Пријави се на повикот и сподели ја твојата идеја за 👉 Уметнички Перформанс