Törzs

Törzs е најголемиот инструментален пост-рок бенд во Унгарија. Нивниот последен албум е снимен во систем на пештери заштитен од УНЕСКО како светско наследство, и тоа на 500 метри под земја. Издаден е од A Thousand Arms (САД) и Golden Antenna Records (GER). Во 2020 година имаат направено и 300 винил плочи кои ги распродаваат за неколку месеци. Бендот беше претставен на шоукејс фестивалот Moscow Music Week во 2020 и Budapest Showcase Hub во 2021 година. TÖRZS дебитираше со нивниот албум наречен „Magasra fel“ (High Up) во 2014 година. Беше објавен со краток филм и првиот концерт се одржа во уметничко кино во Будимпешта. Вториот албум „Földön“ (On Earth) беше снимен со групно финансирање од фановите во 2016 година. Нивниот трет албум „Tükör“ (Mirror) беше снимен во пештерата Барадла во национален парк во 2019 година. Ова беше нивниот прв целосно инструментален албум.


Нивните настапи во живо се наменети да инспирираат саморефлексија и патување. На настапи членовите на бендот се свртени еден спроти друг на сцената, не пред публиката, за да се создаде поинтимна атмосфера каде што музичарите не настапуваат, туку едноставно создаваат музика. Нивната публика има тенденција да го слуша бендот со затворени очи.


Зборот „törzs“ има неколку поврзани значења на унгарски: може да се однесува на „племе“, „труп“, „тело“ меѓу многу други. Сите тие претставуваат кохерентни, еволуирачки ентитети кои се препознаваат од надворешниот свет, од другите. TÖRZS е бенд кој ја сака природата и се восхитува на животот на Земјата.

Mosquito Stage