Тамикрест

„…Тамикрест е најсовремена рок група од 21-от век, која живее сред една од најоддалечените пустини во светот…“

„Најтешкиот пустински рок-аут досега… Музиката на Тамикрест гори со праведен интензитет кој е речиси застрашувачки“.

Тамикрест на Тамашек значи поврзување, спој. Бидејќи 5-те членови на групата доаѓаат од различни региони во светот, тоа е идеален збор за опишување на бендот. Нивната музика е посвета на туарешкиот идентитет, зачинет со модерни рок влијанија. Стиховите се за бескрајниот копнеж за слободен свет. Преку пораката на нивните песни, Тамикрест сака да ги направи Тамашек поезијата и културата достапни за жителите на светот кој ја надминува неизмерноста на Сахарската пустина.

„Пустината нѐ угостува, јазикот нè обединува, културата нè врзува.

Приказната започнува во Кидал, главниот град на осмиот регион на Мали, чајот врие… кога решиле да формираат група со само две стари „домашни“ гитари. И се фатија за работа…

„Иако сме млади, гитарите сè уште имаат шест жици!

Неколку години подоцна, Тамикрест може да се гордее со патот кој го изодува. Бендот свиреше на повеќе големи меѓународни сцени и има обожаватели низ целиот свет.

Денеска, Tamikrest звучи поцврсто од кога било. Формацијата од 5 члена (водечка гитара, ритам гитара, бас, џембе и тапани) е празник за ушите и очите! Авантуристичка музика со пресврт на познатото.

Тамикрест се враќаат со живописен, незадржлив рокенрол печат. Нивниот најмоќен албум е од  2013 година, нашироко признатата Чатма, a во 2020 албумот Тамотаит открива дека бендот не само што ја зголемува јачината на звукот, туку и ги заострува своите медитативни атмосферски размислувања за состојбата на Сахара и светот пошироко. Албумот излезе на 27 март 2020 година, кога нè погоди Ковид-19.


Тамикрест се:

Ousmane Ag Mossa: Главен вокал, електрична и акустична гитара

Aghaly ag Mohamedine: Џембе, дербука, калабаш, електрична гитара, вокал

Cheikh Ag Tiglia: бас, електрична гитара, вокал

Nicolas Grupp: Тапан, перкусии

Paul Salvagnac: Електрична и акустична гитара