SMOKE MARDELJANO
Милош Стојановиќ, попознат по неговото уметничко име Smoke Mardeljano, е еден од најпочитуваните српски андерграунд хип хоп музичари, чиј живот е рапот. Со уникатен музички израз, тој е најпрепознатлив по неговиот изразен флоу, убиствените рими и непобитно талентиран текстописец.
Растејќи во Вождовац, во областа наречена Виетнам, се вели дека е дете на асфалтот, што може да се слушне во неговата музика со суров уличен звук. Уште од рана возраст, на само 10 години, почнал да создава музика, а на 14 години ја објавил својата прва песна. Дополнително да се нагласи, во 2016 година, Стефан Петровиќ и Петар Веселиновиќ снимија филм за Милош наречен „Ja Repujem – Smoke Mardeljano“.
Досега има издадено едно EП и четири албуми, а на пат е и петти албум. Соработувал со бројни рап музичари во регионот, пред се со Cyam и Prti Bee Gee и многу други. Тој е член на и хип хоп групата Mrak Klan заедно со Povlo, Kiža и Džiboni. Тој има одржувано многу концерти низ државите на поранешна Југославија.

Main Stage