Shorty P & Irie Scratch

Shorty P и Irie Scratch, динамичното дуо познато по своите енергични настапи, позитивната енергија и скопските клубски резиденции кои прераснаа во движење – ШИЗИ и SHAKE, доаѓаат на D Festival како домаќини на SHAKE D LAKE. Тие се основачи на фестивалското SHAKE исксутво кое досега се има случено на повеќе од 10 различни локации низ државава, а нивните заеднички настапи имаат предизвикано одлични реакции каде и да настапувале во Македонија или пошироко, на важни настани во регионот како EXIT Festival и VATRA9 во Србија, WETRAP во EXE Club во Бугарија и други. Нивната екипа Sure Shotz Entertainment, која годинава слави 18 години постоење, е одговорна за голем број хип-хоп настани и развивање на културата од различни аспекти.

Shorty P, познат како Панчо, е еден од вистинските OGs на македонската хип-хоп сцена. Во неговата 18 годишна кариера секојдневно работи за културата, има радио емисија на најслушаното македонско радио – Antenna 5 FM, клубски резиденции и безброј интернационални настапи. Тој е основач на Sure Shotz Entertainment, а со тоа е домаќин и организатор на повеќето важни хипхоп настани и главната причина што македонската публика во живо гледаше артисти како KRS One, DJ Premier, Jazzy Jeff, Pete Rock & CL Smooth и многу други.

Irie Scratch, предводникот на новата генерација диџеи во Македонија, член на екипата на Sure Shotz и еден од основачите на TRAP DA FUCK UP. По повеќе од 13 години на сцената, има големо интернационално искуство, 7 годишна летна резиденција на островот Иос во Грција, а во 2018 и 2019 настапи и на EXIT Festival, како и многу други важни настани и фестивали во регионот и пошироко. Тој е познат по својот автентичен стил, базиран на новите звуци и потстилови на хип-хопот, а изграден под влијание на различни жанрови и култури како реге, хаус и сè измеѓу, постојано поместувајќи ги границите на музиката која се пушта на ова поднебје. Постојано се залага за промовирање нова музика, развивање на културата и соработка помеѓу артистите на сцената, и со таа цел го започнува проектот Pandamonium Radio.