Рундек и Екипа

РУНДЕК и ЕКИПА на Д Фестивал 2022!
Извонредниот Darko Rundek чии фантастични концерти се секогаш отворен портал кон музичката магија, повторно настапува со голем бенд, овој пат составен и од музичари од богатата и вибрантна нова загрепска сцена.
Покрај најважните дела од сите фази на кариерата, Рундек со својата Екипа сега ни го носи и последниот албум „Brisani Prostor“ (2020) – албум на годината и добитник на „Порин“ за најдобар алтернативен музички албум. Имено, оваа турнеја бендот вели дека се одвива бирајќи простори во кои започнува нова приказна за нашата сегашност и иднина, поврзана со раст и со радосна скромност.