REYKO

REYKO – лондонско алт-поп дуо составено од шпанците Солеј и Игор – во последните неколку години собраа лојална фан база (и милиони стримови!) со нивниот еклектичен, жанровски спој на смешно заразни поп песни и инвентивни, ексцентрични звуци инспирирани од било што, од психоделичен поп, електроника до арт-панк. Веројатно веќе сте слушнале многу од песните на REYKO на реклама или серија – „Elite“, „Toy Boy“ или „Cruel Summer“, само за да наведеме неколку – но не знаете дека сте ги знаеле!

Минатата година дуото беа хедлајнери на многу настапи и беа на турнеја во Велика Британија, Германија, Франција, Мексико, Шпанија и Србија. Сега REYKO ја претставуваат „FANTASIA“, нивниот многу очекуван трет албум, кој ќе го поддржат со европска и латиноамериканска турнеја.

Настапите во живо на дуото се уметнички, еклектични и возбудливи како и нивната музика: наелектризираното присуство и прекрасно тивок вокал на Солеј се вклопува со гитарите и електронските тапани на Игор. REYKO создава уникатно звучно и визуелно искуство кое ќе ве маѓепса и долго ќе ви остане во сеќавање.