Repetitor

Repetitor

„РЕПЕТИТОР“ еден од најинтересните понови бендови од балканскиот регион кој бргу ја освој публиката со својата жестока свирка и незадржлива енергија. Зад себе имаат четири многу успешни албуми кои собраа екстремно позитивни критики, а нивните енергични концерти се дополнителен показател на нивниот извонреден талент. „Репетитор“ посветено го изгради својот препознатлив звук, спој на тврд рокенрол, пост-панк и сѐ помеѓу. Тешко е да се најде директно влијание на „Репетитор“, но внимателен слушател би препознал сличности со различни бендови, како Mudhoney, Шарло Акробата, Fugazi, Sonic Youth, Pixies и Nirvana, па сѐ до Black Sabbath или Suicide. Ваков крос-жанр може отпрво да звучи непомирливо, но „Репетитор“ го прави сето тоа со леснотија и сонично искуство чија пријатност тешко се надминува.