RED18

RED18 е нов бенд на македонската музичка сцена кој станува препознатливо име кај помладата публика во 2022 со издавањето на нивниот деби албум. Тие се водат под мотото: Red18 – најдобриот изговор за сè уште да ја користите фразата „Не е само фаза, мамо!“ и се стремат да направат да ја променат и разбијат монотонијата на домашната сцена.

Во оваа петчлена група, секој има своја улога и не постои главен протагонист, но според нив најмногу се истакнува нивната пејачка Елена која има одлична енергија и сценски настап, а воедно е текстописец на групата, со емотивни и генијални текстови што тешко кого би оставиле рамнодушен.

Нивниот приоритет е да не се лимитираат жанровски и да создаваат музика во која луѓето ќе уживаат. Публиката може да очекува разновидна и интересна музика, прифатлива за секого, според нив посвежа и поспецифична од типот на музика што често ја среќаваме на овие простори. Карактеристиките кои ги дефинираат Red18 се енергичните настапи во живо, вистинската зададеност на нивните фанови и секако најважното… зададеноста на добрата музика!