Повик за креативци

ПлоштАрт – креативното јадро и мултимедијалниот простор во срцето на Д Фестивал официјално го отвора конкурсот за пријавување на годинашните учесници. За сите креативци желни да придонесат кон креирањето на најактивната креативна зона на Д Фестивал.
Здруженија или индивидуалци, уметници или активисти, ракотворци или аниматори, сите се дел од ПлоштАрт. Повикот е наменет за сите млади во Македонија кои сакаат да учествуваат со своја креација во дневната програма на фестивалот.

Имаш идеја за кул работилница или тема битна за дискусија, твоето здружение има проект важен за младината, сакаш да учествуваш со арт-инсталација или перформанс, можеби имаш свој моден бренд, рачна изработка или накит, фотографии, книги, стрипови, илустрации и сѐ што во моментов ти е преокупација и е супер да го видат повеќе луѓе! Или едноставно имаш идеја како да го разубавиш просторот и да ги забавуваш посетителите на Д Фестивал!