ПОБРЗАЈТЕ! БИЛЕТИТЕ ВО ОГРАНИЧЕН БРОЈ И ПРИ КРАЈ!
Во моментов, во продажба се наоѓа многу ограничен број на фестивалски билети за Д Фестивал 2021 достапни по актуелната промо-цена од 850 денари, како и еднодневни билети чија промо-цена изнесува 500 денари за петок или за сабота. Поради големиот интерес но и ограничениот капацитет, сите оние кои сѐ уште не ги набавиле своите влезници ќе треба да го сторат тоа што поскоро во продажната мрежа на МкТикетс или онлајн на официјалниот сајт на Д Фестивал. Сите фестивалски влезници купени за изданието во 2020 (најдоцна до 30 јули 2020), важат и за годинашното издание.