Пијан Славеј

Пијан Славеј (познат како Бранислав Николов) е реномиран музичар, изведувач, текстописец, поет, пејач и фронтмен на групата Фолтин. Роден е во 1971 година во Битола. Како еден од основачите и клучните членови на бендот, тој со нив има девет студиски изданија, како и музика за над триесет театарски претстави и неколку документарни и играни филмови, вклучувајќи го и номинираниот за Оскар „Медена земја“, меѓународно признатата „Тајна состојка“, „Avec L’Amour“, „Cash & Marry“ итн. Има настапувано во Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. За својот творечки опус Николов има добиено многу признанија и награди. Тој е, без сомнение, еден од најоригиналните и најхаризматичните личности на македонската музичка сцена на денешницата, познат по своите спонтани, експлозивни, топли и страсни настапи во живо. Покрај работата со Фолтин, има настапувано и со Македонската филхармонија и има објавено две поетски книги. Пијан Славеј е негово прво соло појавување во музиката и поезијата.

Пијан Славеј вокал
Пеце Трајковски дигитална хармоника
Андреа Мирческа двоен бас
Славчо Јовев тапани

 

Mosquito Stage