ПАРКЕТИ
Паркети биле оформени една деценија по првиот бран на панк музикта, кога веќе сè било слушнато и видено, од Sex Pistols преку Ramones, па и Шарло акробата и Пекиншка патка на просторите на Југославија. Во Битола, на крајот на осумдесеттите години, постоеле само неколку „андерграунд“ бендови кои правеле своја музика и само едно подрумско диско каде не се слушало турбо фолк.[2] Со падот на Југославија, државата повеќе не ги контролирала медиумите, па започнале да се отвораат нови приватни радија и телевизии, што му отворило место на сè и на секој. На Радио Битола и на некои локални телевизии започнале да се прават топ листи на „демо“ бендови на кои секој можел да гласа за својот омилен. Паркети секогаш имале препознатлив и специфичен звук. Нивните текстови секогаш имаат рима, но, како што сакаат да кажат членовите, текстовите се „апстракни“. Пример за „апстракноста“ во текстовите е песната „Супермен“ – „Нешто лета, црвено е, дали е фен? Не е фен – тоа е Супермен“. Првиот албум го снимиле во 1996 година и е именуван „Грижа на совеста“, а вториот – „Газирана хармонија“ бил снимен во 1998 и на него бендот има различен состав, односно на местото на Сашо Паркет – вокалист е неговиот брат. Сашо се враќа во бендот на почетокот на новиот милениум.
Паркети во своите песни обработуваат најразлични теми, но како што нагласуваат и самите љубовни песни секогаш биле најискрени.
Песни без тема: „Портокали“, „Оси“, „Mуви“, „Едно млеко и едно кафе“, „Ева Мендез“, „Да ја ебам бабати на летање“ и други.
Песни со љубовна тема: „Бал“, „Mислам“, „Највеќе на целиот свет“, „Maла пролет“, „Барбара“, „Песна со најубави ноти“, „На месечина те заборавив“ и други.
Понекогаш имало и песни кои имале допир со социјални теми и теми важни за Паркети а во таа категорија спаѓаат песните „Кафеави Џуџуња“, „Ние сакаме“, „Клара пуши трева“, „Sweet vegetarian“
Обработки на песни: „Ацо кабадаја“, „Шеќерна“, „Бандиера Роса“

Mosquito Stage