untitled-design-4

21/03/2023

ОТВОРЕН ПОВИК: SMA! – ЗАБРЗУВАЊЕ НА МАЛИ ФЕСТИВАЛИ

ОТВОРЕН Е ПОВИКОТ ЗА ОБУКА И ЕДУКАЦИЈА НА ВОЛОНТЕРИ “TALLINN MUSIC WEEK 2023” 

ПРИЈАВИ СЕ ВЕДНАШ

 

Социјално, финансиски и еколошки одржлив бизнис модел е целта на „SMA – Small Music Accelerators“ (Забрзувач на Мали Фестивали). Македонскиот Д Фестивал под Пасворд Продукција заедно со фестивалите „Ypsigrock“ (Италија) и„Haldern Pop“ (Германија) се обединија да одговорат на заедничките предизвици; преку обука на волонтери, создавање на професионална инфраструктура и перспектива, развивање на туризмот и зајакнување на врската со секакви засегнати страни на база на високо-вредносна позадина. „SMA“ е кофинансиран од страна на Креативна Европа и е во соработка со „Music Estonia“ (Естонија), „Melting Pro“ (Италија), и „Turismo Vivencial“ (Шпанија). Групата има создадено програма за градење на волонтерските капацитети во склоп на „Tallinn Music Week ‘23“ на чии отворен повик од денес можат да се пријават сите заинтересирани.

Музиката е основниот дел од нашата благосостојба. Посетувањето на концерти и фестивали е важен елемент на културата и социјализацијата на нашите општества. Навистина, музичкиот екосистем е незамислив без својот огромен број на -разновидни- фестивали. Најчесто малите „бутик“ фестивали значително придонесуваат во создавањето на културно и социјално влијание преку претставување на нови таленти, активирањето на локалните заедници, претварање на општествените вредности од теоретски во реални и креирање незаборавни моменти на и вон музичката сцената.

Треба посебен ентузијазам кој оди подалеку од финансиска награда за да се организираат ваквите настани, им треба внимание кон одржливоста и спремност да иновираат за да останат активни во натпреварувачкото општество на културната и креативната индустрија.

Често лоцирани во карактеристични ама оддалечени региони, ваквите фестивали имаат секакви засегнати страни, вклучувајќи ја музичката индустрија, фановите и фестивалските посетители, институциите, создавачите на политики,, финансерите, индустријата за туризам и угостителство, храна и пијалоци, мода и животен стил, локалната заедница и заедницата на луѓе кои се активно вклучени во фестивалот.

Овие амбициозни настани не можат да се одржат без страствени волонтери, локалци, но и оние кои се привлечени кон нив од странство. За некои е и ќе остане само како хоби, за други има поголемо значење: стекнуваат работно искуство и развиваат нова можна професионална перспектива, дури и на места кај што нема инфраструктура за културната и креативната индустрија. Во некои случаи, менаџерските тимови се исто така карактеризирани со добротворна волонтерска инклузија. Тоа што ги соединува сите нив е што се социјално интегрирани во мотивирана група со вискои вредности.

Клучниот збор на „SMA“ е одржливоста: решавање на проблеми и учење од најдобрата пракса, тренинг и едукација во сите слоеви на организацијата, како и споделување на знаењето кое не само што ќе го забрзаат настанот на партнерите, туку ќе има и позитивно влијание врз целата фестивалска заедница.

ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТ:

Градењето на капацитет е во сржта на „SМА“. Проектот нуди ексклузивна обука за следните генерации на професионалци за настани во живо, селектирани од денешните и идните волонтери на настаните на партнер организациите во проектот.

„SМА“ опфаќа серија од актуелни теми. Честите предизвици како логистика, човечки ресурси, комуникација, продукција, администрација, букинг и општиот сектор за жива музика се дури поголем предизвик за фестивали во периферни региони. Проектот се фокусира на меките вештини и ја обележува разликата на комерцијалните настани: подобрување на разновидноста во сите форми, социјална и етничка вклученост, како и љубовта за содржината, заедницата и уметноста.

Подготвителни онлајн курсеви ќе се одржат во април 2023, балансирајќи го степенот на знаење помеѓу апликантите и партнерите. Покрај технички прашања и терминологија, лекциите ќе бидат и воведен дел за погоре-споменатите теми и ќе бидат водени од партнерите на проектот користејќи ги нивните вештини како и поканување на надворешни експерти.

Ќе се одржи 5 дневна програма за обука во живо во Талин, Естонија од 9 до 13 мај, и ќе ги вклучи учесниците и тимовите на партнерите во ексклузивни лекции, панели и клучни информации одржани од страна на сите партнери и поканети експерти. Овие активности ќе се случуваат секое попладне преку интерактивни работилници за разработување на темите на проектот и да се развие интересен и иновативен начин за применување на истите. Тренингот ќе се одржи во склоп на „Tallinn Music Week 2023“.

Настани за градење на капацитет кои се однесуваат до пошироката волонтерска заедница ќе бидат одржани од страна на партнерите на проектот во периодот помеѓу крај на мај и почеток на јуни 2023 со мотото „sharing is caring“ (споделување значи грижење). Искуството кое ќе биде стекнато преку курсот ќе биде споделено во специјално созддени работилници за зголемување на свеста и интерес кај волонтерите, како и стимулирање на интерес кај новите посетители на фестивалската заедница.

Волонтирање на летните и есенските фестивали организирани од страна на партнерите кои учествуваат во проектот ќе овозможат учесниците да ги практикуваат стекнатите искуства во вистинскиот живот.

„SMA“ е кофинансиран од страна на Креативна Европа проект на Европската Унија. Повеќе информации на: https://www.ypsigrock.it/en/sma/

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print