МИА ПЕРЕВСКА
Миа Перевска e нов домашен артист кој за прв пат се појавува на експерименталната електро-поп музичка сцена во 2021 година. Таа тинејџерството го поминува на сцена со голем број реномирани артисти, има остварено соработки и проекти кои за кратко време имаат успеано да се најдат на топ листите низ европските земји. Ваквиот силен почеток за Миа ветува успешна кариера на домашно, како и интернационално ниво со својот експериментален звук. Како студент на музичка продукција и аудио инженеринг, таа е комплетен автор и продуцент на својата музика.