MAXIMUS VANDAL

Вандал (Владимир Лукиќ) е рап артист од Скопје. Зад себе има објавено еден соло албум со име „ЛИРИЧКИ ВАНДАЛИЗАМ“ и едно ЕП со наслов „ПЕТАРДА“ издадени во 2021 година. Со неговата абнормална енергија, способноста на „пукање рими“ и интеракција со публикатa прави вистинско незаборавно шоу. Член е на хрватскиот лејбл „Balkan’s Finest“ од Загреб и досега има соработувано со врвни продуценти како Гоце САФ , „Druggy“ , „Be Franky“ (Germany).

Тој е неприкосновен во неговата работна етика , посветеност и пасија кон музиката. Моментално спрема втор соло албум кој ќе излезе на средината на оваа година. Тој го има создадено и организатор е на фестивалот „ХУМАНТРОП“, а е сопственик и на продукциската куќа „EFFECT ADDICT PRODUCTION“.