Мартина Пенева

Мартина Пенева е мултидисциплинарен уметник од Скопје. Музичката кариера како диџеј ја започна во 2021 година со звучен идентитет на границата помеѓу техно и транс музиката преку спој на психоделичните бранови. Главниот фокус го става на organic dark techno, psychedelic и tribal. Дел од нејзините перформанси се на Биеналето за млади уметници во МСУ, Манифеста Биенале во Приштина, Скопје Прајд, Здраво Млади и други. Исто така, беше дел од резидент диџеите во Амок Радио со нејзината месечна емисија In Between чија идеја беше да претставува патување во сферите на психоделичната музика преку современите тонови во мешавина со фолклорни елементи и разни племенски инструменти.

Electronic Beats Stage