Манас

Манас е скопски поп/рок бенд со цел да ја освежи македонската публика со нови музички идеи и стилови. Музиката која ја прават е амалгам на ретроизми од амерички поп, рок и електронска музика од 2000те, изворни македонски мотиви и модерна продукција која комбинира рок инструментација со синтисајзери и други дигитални звуци.