Луфтанза

Пандемијата за некои уметници значеше продуктивен блок. Не и за дечките од младиот состав Луфтанза, кои периодов го минаа во креативен налет. Музиката за нив била „излезот“, единственото нешто што има смисла, што вреди да се прави. Луфтанза е своевиден продукт на карантините и сеопштите параноични пригоди од изминативе скоро две години. Тие свират пост панк, психоделичен рок и сѐ што доаѓа во моментот. Тие веќе се охрабрени да експериментираат и импровизираат со теми. Пробуваат нешто ново, надополнуваат и испреплетуваат жанрови и музички сензибилитети.

Mosquito Stage