LENHART TAPES

Владимир Ленхарт, подобро познат  под името Lenhart Tapes, од 2010 година работи на земање примероци на музика од различни жанрови – од етно, музика на светот до шумови и индустриски звуци. Резултатот од години работа и соработка со други уметници е винилот „Duets“ (Поп спектрум на различни звуци / Нова ера, 2021).

Мирјана Раиќ, член на групата „Rođenice“, е еден од главните вокали на албумот „Duets“. Во својата десетгодишна работа во музиката, тие успеаа да го спојат  етно балканскиот звук со рок и електронска музика на вистински брутален начин. Владимир Ленхарт има создадено толку прекрасни музички пејзажи кои го носат традиционалниот звук на сосем нови нивоа.

Основата на „Duets“ се фантастичните вокални песни на пејачките Мирјана Раиќ и Светлана Спајиќ, кои изгледаат како да се изведувани а капела и се  брутално измешани со остатокот на музичкиот израз, без да се срамат од  користење на  различни етнички инструментални мелодии  или страсните ескапади на Хендрикс на електричната гитара. Ретко кога едно дело е истовремено зачувано во минатото, а сепак спакувано  за иднината, колку што е „Duets“ од Lenhart Tapes. Единственото нешто што не е јасно е колку е спремна сегашноста за толку брутален напад.