Kruder & Dorfmeister

Приказната на Kruder & Dorfmeister не е само приказна за одбивање и одрекување. Бидејќи двајцата почнаа да прават музика заедно во раните 1990-ти, речиси и немаше нешто што двајцата не направија „погрешно“, и токму затоа, точно.

Во тоа време, Виена беше метропола на амбициозното техно движење и го живееше златното време на иницирање на револуционерниот стил. Но, двајцата господа, K&D, попрво ја следеа традицијата на континенталниот космички „денсфлор“ од 1980-тите, кој бараше универзален јазик на денс музика, под влијание на хип хоп, грув, даб, њу вејв и последно, но не и најмалку важно, на музика која се издвојуваше од сите тие категории.

Кога првите пост-ацид џез продукции на етикети како Ninja Tune или Mo Wax најавија нова ера, Kruder & Dorfmeister веќе беа чекор понапред од тие протагонисти. Звукот на револуционерното деби на K&D „G-Stoned“, веќе очигледно под влијание на елегичните аранжмани на продукциите од 1960-тите и 1970-тите години на афро-џез и Пинк Флојд, натера многу врвни продуценти да почнат да се прашуваат кој може да генерираа таков органски течен, сложен, но суптилен звук со само два семплери на Akai и Roland Space Delay.

Понудите паѓаа како обилни врнежи сред врел летен ден, но двајцата тврдоглави господа не играа по правилата: по успехот на нивните ЦД-а „DJ-Kicks“ и „Sessions“, кои беа продадени во милиони ширум светот, тие ги одбија повеќето од пристигнатите понуди.

K&D секогаш уживаа да не ги следат советите и свесно се држеа на страна од сите примамливи големи понуди, од сите ветувања за брзата маркетинг машинерија. Наместо тоа, тие, на пријателите музичари им обезбедија дистрибуција на нивната етикета G-Stone, се дружеа во студиото и ги склопуваа следните проекти, како што се Huber’s Tosca на Дорфмајстер или Оркестарот за мир на Крудер.

Секој што ги чул двајцата диџеи во тоа време, приметил дека клишето на smokey time-loop џезот кај нив беше занемарено и отстапуваше место на нивниот сопствен дух на истражување. Двајцата до ден денес го одржуваат тој отворен концепт, под влијание на широкиот музички вкус и нивната способност да слушаат музика, да чувствуваат и да можат да ги реализираат своите музички концепции. Од самиот почеток, целта беше да се произведе многу персонализиран звук, во кој жанровските определби беа во втор план. Двајцата, денеска култни уметници на електронската музика, се најсреќни кога луѓето пристапуваат кон нивната музика и нивните диџеи сетови како кон она што тие го претставуваат: ода за слухот, чувството, доживувањето на музиката и тонален јазик, кој не функционира како многуте говорни јазици во светот, туку повеќе како говорот на телото – универзален, глобален, обединувачки.