KOIKOI
KOIKOI се жанровски-флуиден инди-рок бенд од Србија кој добро расположува и разигрува, што многу брзо се прераснати во најпопуларните нови имиња на инди сцената во регионот на поранешна Југославија. Со одличниот деби албум „Pozivi u stranu“ (Moonlee Records, 2021) и енергични настапи во живо тие ја пополнуваат разликата помеѓу интимноста на андерграундот и гламурозниот меинстрим.
Нивната музика ја претставува највозбудливата форма на неортодоксен поп, што истовремено е мек како свила и разиграно гласен, секогаш препознатлива со хипнотизирачкиот балкански мелос, испреплетување на екстаза и носталгија. Волшебна женска и машка вокална полифонија на српски јазик со карактеристична привлечност е шлагот на тортата.
Во 2022 KOIKOI беа дел од најважните музички фестивали во регионот на поранешна Југославија (Exit, INmusic, Arsenal, MENT) и исто така имаат настапувано на многу фестивали низ Европа (Eurosonic, Tallinn Music Week, Peel Slowly And See, PIN Conference Skopje, Sharpe Bratislava), каде добија неверојатни критики за нивните настапи во живо. KOIKOI беа номинирани за Music Moves Europe Awards 2023 од страна на ESNS.
KOIKOI е скапоцен камен за сите оние кои знаат дека софистицираниот инди-поп е новиот панк.