Јура Стублич

Јура Стублич е популарен хрватски рок музичар и кантавтор кој се прослави како вокал во музичката група Филм. Подоцна го профолжува своето музичко дејствување на хрватската музичка сцена градејќи успешна соло кариера, како и со ново формираниот бенд Филм. Негови најпознати песни се“Zamisli život u ritmu muzike za ples”, “Srce na cesti”, “Signali u noći”, “Sjećam se prvog poljupca”, “Lijepo, lijepo, neopisivo”, “Pjevajmo do zore”, “Neprilagođen”, “Dobre vibracije”, “Doći ću ti u snovima”,” Ljubav je zakon” и многу други кои се свират како вечни хитови. Еден од најистакнатите пејачи на новиот бран и рок културата на овие простори. За време на студентските денови, во почетокот на седумдесеттите, Стублич свирел со музичарите Бранимир Штулич и Дарко Рундек, а неколку месеци пеел и во почетната постава на групата Азра.

Како апсолвент го напушта факултетот за да може да се посвети на музичката кариера која трае целиот негов живот. Негов заштитен знак на имиџот била црната боја и марамите. После кратко пеење во групата Азра, својата кариера ја продолжува во групата Филм кoја ја создава во 1979 и која постана голема клупска атракција уште пред издавање на првиот албум.

Main Stage