Хајка

Хајка е млад бенд од Скопје формиран во 2019 година. Влечејќи инспирација од бит-генерацијата на писатели и постмодерната уметност, бендот жанровски е на линијата помеѓу прото-панк па се до no wave. Со возбудлив сценски настап и многу енергија досега имаат низа свирки, издадени едно ЕП, еден албум (25 песни) и нов сингл “Мека Машина” кој отвара една нова музичка насока за бендот.