FULU MIZIKI

Fulu Miziki грубо се преведува како „музика од ѓубре“, што во буквална смисла е точен опис на возбудливо хаотичниот колектив на уметници Еко-пријателски-афро-футуристички-панк собир кои доаѓа директно од иднината каде што луѓето имаат склучено мир со мајката Земја и со самите себе. Овој мултидисциплинарен колектив на уметници е со седиште во срцето на Африка, во главниот град на Конго, Киншаса. Веќе неколку години членовите потрошија повеќе време да концептуализираат оркестар направен од предмети пронајдени во ѓубре, кој постојано ќе менува инструменти и секогаш ќе е во потрага по нови звуци.

 

Изработката на сопствени инструменти, костими за изведба и маски е од суштинско значење за основната музичка идеологија на Fulu Miziki. Нивниот уникатен звук поддржува пан-африканска порака за уметничко ослободување, мир и поглед кон еколошката ситуација на Демократска Република Конго и на целиот свет. За Fulu Miziki сè може да се врати и повторно да се маѓепса.

Од 2020 година, Fulu Miziki се вистински хит на европскиоте музички фестивали, свирејќи на бројни музички настани, фестивали и создавање работилници заедно со младите.