ФОЛТИН
ФОЛТИН постои од 1996 година. Зад себе има девет самостојни албум, музика за преку триесетина театарски претстави, музика за десетина
филмови, меѓу кои кандидатот за Оскар „Медена Земја“ и интернационално најнаградуваниот филм „Исцелител“. Со концертни настапи и театарски
перформанси во живо гостувале во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка.
Музиката на ФОЛТИН обично се опишува како духовита, старасна, со жешка танцувачка атмосфера. Освен на македонски, англиски и француски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици. ФОЛТИН себеси се опишуваат како ПСЕВДОЕМИГРАНТСКО КАБАРЕ.

Main Stage