FLEXIFY & BULLZ
Flexify & Bullz се млади артисти од Велес и Тетово. Откако се појавија на сцената, тие се препознатливи по својот карактеристичен стил, кој се опишува како „rage“, и се првите артисти кои прават ваква музика на македонски јазик. Нивниот звук содржи елементи од трап, хип-хоп и електронски жанрови; а енергичните настапи ја освоија младата публика низ целата земја.
Иако прават музика подолго време, на мапата ги ставија настапите на Трап Слава (ТДФУ) и Mask ’N Shake (Sure Shotz), посебно вториот, на кој како дел од showcase-от се претставија со opium-инспириран настап и истиот беше мотивација за проектот на Flexify кој следеше – RAGETAPE.Тоа е првиот македонски rage микстејп, кој излезе на 29.04, и кој се состои од 6 песни на кои гостуваат локални артисти од најновата генерација. Целиот проект е целосно продуциран од млади македонски продуценти, и по само неколку недели RAGETAPE доби добри критики и реакција од фановите на овој стил на музика.
Bullz исто така го најави својот деби македонски проект наречен „Bulldozer“ кој може да го очекуваме на почетокот на јуни на сите стриминг платформи.
Со неуморна одлучност да ги помрднат границите и со посветеност за создавање на музика што ги задоволува слушателите, нивната цел е да остават свој печат на македонската музичка сцена и да ги инспирираат новите генерации после нив

Electronic Beats Stage