ERMILOVA & NASTASYAKISH

Еми „ERMILOVA“ е добро познато скопско име, кое и пред да се појави на сцената ја привлекува музиката од рана возраст. Нејзината страст кон музика сериозно еволуираше кога започна со диџејството во нејзините рани дваесетти. Без разлика дали во нејзиниот сет доминира хаус или електронска музика, срцето на Ермилова е секогаш во психоделиите, потпирајќи се на ацид музиката и удобно движејќи се низ амбиенталниот, new-wave, диско, пост-панк, dub, електроника, со посебно место за што и да доаѓа од колекцијата на плочи од 80-тите и 90-тите на нејзиниот татко (сега практично и нејзина). Со нејзината напорна работа во последните неколку години, таа стана вистинска миленичка на публиката во земјава, а нејзините ноќни шоуа Rush Crush и Longbus се едни од најбараните клубски вечери во Скопје. Таа е запознаена работата во студио и ќе поминува повеќе време во таму, надевајќи се на деби ЕP во блиска иднина.

Инспирирана од необичните звуци кои можат да се најдат во електронската музика, NastasyaKish бара интересни начини за нивно комбинирање и споделување со толпата. Може да очекувате многу различни стилови, од спори битови до ацид со високо темпо. Таа беше активен член на културниот колектив Скопски Грув, веќе добро воспоставената онлајн продавница за плочи – Wax Revival и таа е дел од екипата на Amok Radio.

ERMILOVA – INSTAGRAM | SOUNDCLOUD

NASTASYAKISH – INSTAGRAM | SOUNDCLOUD

Electronic Beats Stage